Палента со печурки е одлична идеја за ужинка или доцен појадок. Совршен оброк кој лесно се приготвува, а во кој ќе уживете.

Потребни состојки:

160 гр. кромид
400 гр. печурки
200 гр. палента
малку путер
три чишниња лук
лажица доматно пире
50 мл. бело вино
магдонос
пармезан, босилек
сол, бибер

Подготовка:

Палентата сварете ја во посолена зовриена вода. Кога ќе биде готова, преместете ја во соодветен сад и оставете ја малку да се олади. Во меѓувреме во тава малку пропржете го кромидот, па додадете го лукот. Кога ќе омекнат, сецкани на листови ставете ги печурките.

Динстајте околу десет минути, па додадете го доматното пире и зачинете. Залијте со вино и оставете го на оган додека течноста не испари.

Готовите печурки ставете ги преку палентата, додадете изрендан пармезан и веднаш послужете.

Пријатно јадење