Албанскиот премиер Еди Рама, кој во Белград ја заврши својата балканска турнеја, на заедничката конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, истакна дека одолговлекувањето на процесот за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово е стратешка грешка. Истото го смета и за функционирањето на градоначалниците во четирите општини на северот.

„Одолговлекувањето на заедницата на општини со мнозинско српско население е стратешка грешка, а исто така стратешка грешка е и да се одложува создавањето услови за косовските Срби да ги остварат своите верски права и црквата да функционира во рамките на Уставот на Косово, исто како што сметам дека инсистирањето да се држат во празни згради полни со полицајци, градоначалниците кои беа избрани во услови на бојкот, не можат да продолжат да бидат таму, станувајќи пречка за решението, исто така е стратешка грешка. Ова го кажав јавно, го кажувам и овде. Од друга страна, се надевам дека претседателот и Србија ќе кажат јасно и гласно дека во моментот кога ќе се отвори патот за избори, таму ќе се одржат избори и учеството ќе биде загарантирано“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија. /Алсат.мк

Прикажи повеќе