Оскар, најпрестижната филмска награда која ја доделува американската Академија на филмски уметности и наука се доделува од 16 мај 1929 година.

Таа година, дури три месеци порано се знаело кој се победниците, а нивните имиња биле објавени во „Los Angeles Time“.

Повеќечасовниот спектакл во далечната 1929 година не бил пренесуван во живо, а доделувањата во хотелот „Рузвелт“ траеле само 15 минути.

Луѓето кои сакале да присуствуваат на оваа церемонија морале да платат 5 долари.

Првото доделување го одбележале немите филмови, а веќе наредната година, за награда почнале да се поставуваат и звучни филмови. Во годините кои следувале, победниците се објавувани во новините вечерта пред доделувањето.

Денес, и номинираните и гледачите се во неизвесност до самото отворање на ковертот за тоа каде ќе замине престижната статуетка.

Интересно е и тоа како наградата го добила своето име.

Еве три верзии:

Според првата приказна извесна Бети Дејвис била „кумата“ така што оваа награда ја нарекла по својот прв сопруг Хармони Оскар Нелсон.

Се тврди дека и извршната секретарка на Академијата, Маргарет Херик, кога прв пат ја видела статуетката, истакнала дека ја потсеќа на нејзиниот вујко Оскар.

Некои пак тврдат дека при петтото доделување на наградите Еленор Лилберг, извршен секретар на Луиса Б. Мајер, исто така гледајќи ја статуетката викнала „Тоа изгледа како Кралот Оскар!“. На крајот од денот таа запрашала „Што ќе правиме со Оскарот, ќе го ставиме во трезор?“, и така името на статуетката останало.