Со многу висока веројатност во 2022 година во Македонија би требало да се збогуваме со пандемијата, изјави доктор Даниловски во гостувањето во Студио 10 на ТВ24.

Тој воедно додава:

На 28 ноември предупредив дека додека осознаеме како Омикрон се распространува на терен, излезе дека се стабилизира дека е четирипати позаразен од делта. Реков да ставиме карантини на границите за да добиеме на време. Прашање на време беше кога и кај нас ќе дојде овој сој. Ме охрабрува тоа што кога ќе се регистрира една појава, таа порано почнала – ние имаме и понатаму опаѓање на инциденцата, има само 347 хоспитализирани. Се укажува на една поволна епидимиолошка слика, но не треба да се опуштаме. Дојдоа и уште доаѓаат наши луѓе од дијаспората, неверојатно е некој да не го донесе Омикрон дополнително. По сите логики може да се очекува зголемува зголемување на бројката“ – вели Драган Даниловски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.