По трагичниот настан, во кој од домашна пита со праз се затру цело семејство при што почина една жена, а нејзиниот сопруг и неговата мајка се во кома, се огласи докторот Нико Беќаровски. Тој вели дека причината за труењето не е ниту празот ниту брашното.

„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труење и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту “прсканиот праз” ниту брашното во питата.

Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек. Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“ напиша Беќаровски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.