Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин е уверен дека неговиот соиграч Стивен Кари треба да биде еден од претендентите за МВП титулата оваа сезона.

-Мислам дека Стеф Кари секогаш ја заслужува титулата МВП. Ниту еден играч во НБА не се ангажира толку многу во одбрана, како против Стеф. Ако нашиот тим продолжи да победува, ќе биде тешко да се негира дека Стеф е најкорисен играч, истакна Грин.

Кари во кариерата двапати ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) во НБА-лигата.

Голден Стејт по седум натпревари во тековната сезона има шест победи и само еден пораз.