Министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес, кога болницата ќе добие нов директор најави дека неделава Министерството за здравство ќе назначи од редовите на болницата.

Инаку досегашниот директор на ЈЗУ Општа болница Велес, Ристе Богоевски, кој по професија е адвокат, деновиве беше назначен за нов државен правобранител на подрачјето на Основен суд Велес.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.