Тајната на целерот се крие во изобилството на магнезиум, калиум и калциум, кои заедно влијаат на ублажување на напнатоста.

Освен моќната тројка, целерот е нискокалорична билка која содржи висок процент на течности, па многумина ја сметаат за идеален сојузник во борбата против вишокот килограми.

Дршката од целерот содржи дури 83 проценти вода и здрава количина на влакна, па го намалува чувството на ситост.

Комбинацијата на калиум и натриум, која се наоѓа во целерот, помага во регулација на телесните течности и го стимулира производството на урина, а при тоа и ги отстранува токсините од телото, со што оваа билка ја прави идеален деуретик.