Професионалните дизајнери, Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевска, се шесте автори, креативци кои ги понесоа наградите за најдобри решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци – на тема: трансплантација и органодонорство.

фото: Томислав Герогиев
Ана Тасева – најдобар постер, професионални дизајнери
Гоце Велески – најдобро лого, професионални дизајнери
Воскресија Андреевска – најдобар слоган, професионлни дизајнери
Амра Седиковиќ, прва награда средношколци
Давид Манасијевиќ, втора награда средношколциИ двајцата порачаа дека ова било одлична можност да си ги проверат и докажат своите способности во графичкиот дизајн, но, и да ја испратат пораката дека органодарувањето е важно за сите нас.
Адријана Мирчевска, трета награда, средношколци

Изложбата беше реализирана во партнерство со Ист Гејт и „Нептун Македонија“.

Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската унија, во кој краен корисник е Министерството за здравство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.