Употребата на кујнската сол во намена за лична нега веројатно ќе ве изненади.

Веќе долго време се користи во козметичката индустрија, а професионалците откриваат домашни трикови кои ќе ви помогнат да имате поздрава коса и кожа, па дури и да се ослободите од модринки.

Тајната е во тоа што обичната кујнска сол е најдобриот сојузник за убавина и нега на косата и кожата. Оваа намирница е веќе добро позната по своите здравствени придобивки. Многу луѓе ја користат како купка за стапалата, но има и многу други начини за нејзина употреба кои даваат феноменални резултати.

Против мрсна коса

Ако вашата коса брзо се мрси, можете да го испробате овој трик: додадете малку сол во шампонот што редовно го користите. Измијте ја косата нормално, користете регенератор и повторете ја постапката неколку пати во следните денови. Брзо ќе забележите дека вашата коса е помалку мрсна.

Поголем волумен на косата

За зголемување на волуменот на косата, солта исто така може да помогне. Комбинирајте ја оваа намирница со регенератор, загрејте ја смесата на тивок оган, а потоа нанесете ја на косата и масирајте од коренот до врвовите. Држете ја нанесената смеса на главата околу 20 минути, а потоа исплакнете. Резултатите ќе ве воодушеват. Краевите ќе се скротат, ќе се спречи нивното раздвојување и воопшто вашата коса ќе изгледа побујно и поздраво.

Нега на лице

Солта се меша со течен сапун или крем за чистење лице. Нежно втријте ја смесата на кожата и исплакнете со топла вода. Овој тип на пилинг треба да помогне во одржување на нивото на влажност на кожата и отстранување на старите мртви клетки од кожата.

За помеки стапала

Ако сте цел ден на нозе, голема е веројатноста дека кожата на стапалата ќе ви се исуши и пука, особено ако носите отворени чевли. Солта помешана со маслиново масло може да ви помогне да го решите проблемот со сува кожа на стапалата. Еднаш или двапати неделно втријте ја смесата на стапалата и ќе забележите како кожата ви станала помека, а ќе спречите и пукање. За да го направите мирисот попријатен, користете етерично масло по ваш избор.

Ублажување на модринки

Генијален трик за ублажување на видливоста на модринките – помешајте две лажици сол со вода и добро истријте ја смесата на местото каде што е модринката. Трагите многу брзо ќе исчезнат.