Ракометната репрезентација на Данска ќе биде еден од главните фаворити за највисок пласман на Европското првенство 2022 година.

Двојниот европски првак атакува на прв трофеј по 2012 година, кога триумфираше во Србија. Тимот на Николај Јакобсен ќе игра во група заедно со  нашата селекција , Црна Гора и Словенија.

Добри вести за данскиот селектор донесе последното тестирање. Сите ракометари и членови на репрезентацијата која ќе патува на ЕП добија негативни ковид-тестови.

Ова значи дека засега подготовките на Данците ќе продолжат според планот. Сите учесниците на турнирот ќе бидат ПЦР-тестирани при самото пристигнување.