реклама

„Розовата“ Месечината, позната и како априлска полна месечина, утре околу 6:35 часот ќе биде видлива од нашите подрачја, соопшти НАСА.

Што означува „розовата“ Месечина во астролошка смисла?

реклама

Астролозите тврдат дека периодот на „розовата“ Месечина е и период на нови почетоци, страст и самооткривање. Велат дека треба максимално да се искористи за неопходни промени во животот.

Иако оваа Месечина го носи името „розова“, се разбира, тоа не значи дека всушност ќе има розова боја. Месечината го добила своето име затоа што се појавува во периодот кога цветаат шарени пролетни цвеќиња.

реклама