реклама

Овен

Месечината во астролошката куќа на финансиите, во секстил со вашиот владетел Марс и Венера, планетите на акцијата и парите, ви носи зголемување на приходите, доколку се занимавате со приватен бизнис или работа која има некаква врска со спортот, образованието на младите.

реклама

Бик

Напнатиот аспект на Месечината со Уран во вашиот знак ве поттикнува да размислувате за заеднички проект со емотивен или деловен партнер. Позицијата на вашиот владетел Венера, планетата на љубовта, ви носи запознавање со Рибамаили Рак преку социјална мрежа.

реклама

Близнаци

Со Месечината на полето на работа, под влијание на вашиот владетел Меркур, кој управува и со полето на работата и со парите, пристапувате кон развивање на идеи за некаква самостојна активност. Поради квадратот со Сонцето, треба да се консултирате со финансиски експерт.

реклама

Рак

Вашиот владетел, Месечината, транзитира низ астролошката куќа на љубовта и креативноста, која е најпогодна за спортисти и уметници. Поради предизвикувачки аспекти со Сонцето и Плутон, треба да избегнувате непотребни трошоци доколку се занимавате со приватен бизнис.

Лав

Меркур, владетелот на полето на работа, во добар аспект со Месечината на четвртото астрлошко поле, најавува почеток на реализација на проект за кој долго размислувате. Аспектите на Плутон ве прават поподложни на влијанието на вашиот емотивен партнер и неговите ставови.

Девица

Владетелот на вашиот знак, Меркур, планетата на логиката, во астролошката куќа на имагинацијата, но и на препреките, прави секстил со Месечината во куќата на менталната состојба, со што ви носи шанси за заработка, особено ако се занимавате со услужни активности, осигурување, транспорт.

Вага

Транзитот на Месечината преку астролошкото поле на пари, под влијание на Меркур во Лав, ви носи понуда за хонорарна работа која долго време би можела да ви стане извор на приход. Позицијата на Уран и Венера во ретроградно движење сугерира средба со Водолија.

Шкорпија

Месечината во астролошкото поле на личноста формира квадрат со вашиот владетел Плутон, поради што ќе бидете склони да ги преиспитувате одлуките поврзани со деловните договори со луѓето кои живеат во странство. Партнерот очекува да ги слушате неговите желби.

Стрелец

Меркур, планетата која владее со вашиот љубовен живот, и Месечината во астролошката куќа на тајните и страста, навестуваат средба со некој чија работа вклучува почесто патување. Позициите на Плутон и Уран ви носат профит доколку се занимавате со услужни активности.

Јарец

Поминувањето на Месечината над мистериозната Шкорпија под влијание на вашиот владетел Сатурн и ретроградната Венера, најавува можност за средба со личност со која некогаш сте биле многу блиски. Парите доаѓаат преку заеднички бизнис со пријателите.

Водолија

Добриот аспект помеѓу Месечината на астролошкото поле на кариерата и вашиот совладетел Сатурн на полето на парите, ви носи заработка преку зделки со поранешни деловни партнери. Позицијата на Уран ви одговара, доколку планирате да го организирате вашиот деловен простор.

Риби

Позициите на Месечината и вашиот владетел Нептун, планетата на имагинацијата, креативноста, но и измамата, ве потсетуваат да бидете повнимателни со финансиите, особено во вечерните часови. Аспектите на Сатурн во вашиот знак ви носат покана да одите на патување со Бик.

реклама