реклама

Овен

Транзитот на Месечината над вашиот владетел Плутон на полето на личноста ве прави нервозни и вознемирени. Ви пречи што не можете да влијаете на реализација на некој проект, бидејќи некако ви се врзани рацете, барем привремено. Водолијата ве поддржува.

реклама

Бик

Месечината се движи од земјениот знак Јарец во воздушеста Водолија, формирајќи конјукција со Плутон, а тоа е стрес за вас. Со Јупитер на 9-ти степен на Бик, фантазирате за патување во земја на Ориентот, но напнатиот аспект со Венера ве потсетува на финансиите.

реклама

Близнаци

Месечината во Јарец спроти вашиот владетел Меркур, планетата на комуникацијата, не ви одговара, бидејќи ви дава впечаток дека привлекувате луѓе кои не ве задоволуваат. Доцна попладне можете да дознаете информации кои поволно ќе влијаат на вашиот бизнис.

реклама

Рак

Вашиот владетел, Месечината, се движи од земјен Јарец во разлетана, воздушеста Водолија, така што вашето расположение варира. Свесни сте дека треба малку да постапите, за да се заштитите од негативните влијанија од околината. Бикот и Рибите мислат на вас.

Лав

Месечината се движи од Јарец во Водолија и треба да бидете мудри за да го добиете она што ви треба во деловен аранжман или договор. А во тоа ќе успеете, преку соработка со странци, бидејќи имате намера да ги зголемите приходите.

Девица

Вредни сте и креативни, но внимавајте да не ве злоупотребуваат на некој начин на работа, бидејќи некој огнен знак ќе се обиде да ги присвои вашите заслуги постигнати во проект со непознати. Слушајте ги советите на Јарец или Шкорпија.

Вага

Транзитот на Месечината над Плутон на полето на приватноста ви изгледа иритирачки. Размислувате како да заработите повеќе пари и како да ја подобрите вашата позиција на работа. Треба повеќе да се грижите за циркулацијата, зглобовите, вените.

Шкорпија

Транзитот на Месечината над вашиот владетел Плутон, симболот на моќта и богатството, ви носи зголемување на приходите. Венера во напнат аспект со Уран ве прави подготвени да влезете во договор со странци, во што ќе успеете доколку им ги пренесете вашите идеи.

Стрелец

Транзитот на Месечината низ Плутон, кој управува со вашето потсвесно поле, ве предупредува да се потпрете на вашата интуиција доколку планирате нови договори со луѓе од странство. Бидете внимателни кога потпишувате договори. Вагите мислат на вас.

Јарец

Под голем притисок сте од обврските кои треба да ги исполните денес и разговорите кои ве очекуваат. За среќа, вашиот владетел Сатурн во добрите аспекти на Сонцето и Јупитер, ви носи моменти на релаксација кои ви помагаат да го пребродите денешниот ден.

Водолија

Преминот на Месечината од полето на непријателите во полето на личноста, предупредува на претпазливост при склучувањето договори со колегите, можеби дури и со членовите на семејството. Добриот аспект на Месечината со вашиот владетел Уран води до поволен исход од преговорите за недвижнини.

Риби

Сатурн, симболот на ограничувањата, во вашиот знак, под лошото влијание на планетите од полето на работа, треба да се издржи, бидејќи од вас се очекува да се оправдате за некој деловен потег. Но, затоа тригонот со Сонцето ви носи креативен ентузијазам и романтични моменти заедно.

реклама