Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е еден од главните адути на Рајо Валјекано во Ла Лига, а во интервју за „ТелеМадрид“ истакна дека би сакал кариерата да ја заврши со настап на мундијалот во 2030 година во дресот на националниот тим.

Advertisements

Шпанија и Португалија се кандидати за организација на Светското првенство во 2030 година, а Столе Димитриевски вели дека за него би бил перфектен крај доколку игра со Македонија на тој мундијал, на меч во Мадрид.

„Мојот сон е да ја завршам кариерата во македонскиот дрес со настап на Светското првенство во 2030 година, во Шпанија и Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, изјави Димитриевски.

Тој пред една година се поврзуваше со трансфер во Барселона, но можноста пропадна, па сега вели дека не би имал ништо против да остане во Рајо Валјекано уште долго, можеби и до крајот на кариерата.

Прикажи повеќе