Фронтменот на украинскиот бенд Калуш Оркестар, кој вчера победи на Евровизија, денеска е снимен како се збогува со девојка пред да се врати во Украина, каде, како што пишува британски Дејли Мејл, ќе ѝ се придружи на украинската војска на првата линија.

Олег Псиук, фронтменот на украинската фолк-рап група Калуш Оркестар, денеска е снимен пред неговиот хотел во Торино додека се збогува со својата девојка Олександра.

Според Дејли Мејл, Псиук се вратил во Украина по трогателен и јавен поздрав и се приклучил на линијата на фронтот.

Потсетуваме, Украина синоќа победи на Евровизија, додека Велика Британија заврши на второто место, а Србија беше петта.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше набргу по објавувањето на резултатите, поздравувајќи ја победата, па дури и вети дека натпреварот ќе се одржи во Мариупол следната година.