Дардан Дехари ќе биде знаменосецот на Македонија на отварањето на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Информацијата ја потврди Македонскиот Олимписки Комитет, кој вели дека Дехари ќе биде единствениот кој ќе го вее нашето знаме, поради контакт на Ана Цветановска со лице позитивно на Ковид-19. Таа беше во близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на Ковид 19), па нема да може да го носи македонското знаме.

Како потсетување Игрите официјално ќе бидат отворени утре, а првиот настап на нашите претставници ќе биде на 5 февруари, кога на сцената ќе настапи токму Цветановска во крос-кантри на 7,5 км слободно

Прикажи повеќе