На 3 Мај- Меѓународниот ден на слободата на медиумите новинарите во С Македонија се многу малку заштитени. Медиумските работници се соочуваат со вербални и физички закани додека ја вршат својата теренска работа. Од вработените во медиумите, најмногу се напаѓани новинарите. Претседателот Стево Пендаровски ги повика надлежните институции навремено да ги решат сите случаи за нападите врз новинарите и медиумските работници и да им дадат систематска поддршка.

Advertisements

Од Советот за етика во медиумите велат дека кога се во прашање важните закони за политиката, партиите наоѓаат консензус без да губат време.

Во вила Водно, каде беше отворена изложбата „Фотографирај го својот глас“, која се фокусира на тешкотиите со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници во земјава во текот на работата. Според извештајот на „Репортери без граници“, С Македонија е на 57 место од 180 земји во однос на слободата на медиумите, што е подобрување за 33 позиции. На врвот е Норвешка. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе