Кошаркарите на Денвер Нагетс во третиот натпревар без Никола Јакиќ, ја забележаа првата победа. Денвер ги победија актуелните шампиони Голден Cтејт Вориорс со 112:110.

Advertisements

Нагетс по триумфот над Вориорс имаат скор 52-26 и им треба една победа во последните четири натпревари или пораз она Мемфис, за прв пат во историјата да ја освојат титулата во Западната Kонференција.

Лејкерси им дишат во врат на Вориорс и на Клиперс, бидејќи имаат скор 40-38 откако го совладаа Хјустон на домашен терен со 134:109. Ентони Дејвис беше фантастичен со 40 поени и 9 скока, додека Леброн Џејмс го постигна 107. трипл-дабл во кариерата со 18 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Во дербито на Истокот, Милвоки на домашен терен ја победи Филаделфија со 117:104, благодарение на 33 поени на Јанис Адтетокумбо. Сиксерси ги предводеше Тајрис Макси со 29 поени, Џоел Ембиид постигна 28 поени, 9 скока и 5 асистенции, додека Џејмс Харден постигна 11 поени (4- 9 од игра) и 6 асистенции.

Далас по едно продолжение доживеа пораз во Атланта 132.130. Лука Дончиќ во последните секунди промаши шут за победа. Овој пораз само ја продлабoчи кризата во која се наоѓа Далас. Како сега стојат работите тие нема да играат во плеј-офот. Во моментов се 11. на Западот./Makfax/

Прикажи повеќе