Гувернерот на Лвов Максим Козицки изјави дека девет лица загинале по рускиot ракетен напад врз Меѓународниот центар за мир и безбедност, додека 57 други се повредени.
Максим Козицки посочи дека 30 проектили биле истрелани врз воената база која се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лвов и на околу 25 километри од границата со Полска. Нападот се случил околу 6 часот наутро во неделата.
Украинскиот министер за внатрешни работи Олексеј Резников го нарече руското бомбардирање на Меѓународниот центар за мир и безбедност „терористички напад“. Резников рече дека странски инструктори работат во таа воена база.
„Тоа е нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на границата ЕУ-НАТО. Мора да се преземат мерки. Затворете го небото“, повика Резников на Твитер.