Францускиот првак Пари Сен Жермен нема да го обнови договорот со Лионел Меси. Аргентинскиот ас ова лето ќе го напушти клубот како слободен агент, тврди „Л’Екип“. Односите значително се оладија и по суспензијата што клубот му ја изрече на Меси затоа што не се појави на првиот тренинг по поразот од Лориен (1-3) на домашен терен.

Меси замина на одмор во Саудиска Арабија без дозвола од клубот, каде треба да ја исполни обврската за промоција на земјата, аранжман кој го имал договорено претходно, кога тренерот Кристоф Галтие најавил дека фудбалерите ќе имаат два дена одмор.

Сепак, тој го промени мислењето откако „светците“ доживеаја пораз на домашен терен. Но, Меси со семејството замина во Саудиска Арабија, а клубот реагираше со двонеделна суспензија. По ова, јасно е дека Меси ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

На пет натпревари пред крајот на првенството, ПСЖ има пет бода предност пред второпласираниот Марсеј./Makfax/

Прикажи повеќе