Дводневниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. Со состанокот ќе раководи генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Најавено е дека ќе стане збор за идните потези на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина во светлината на најновите наводи за убивање украински цивили од страна на руските војници. Столтенберг вчера, најавувајќи го министерскиот состанок на НАТО, во врска со убиствата на цивили во украинскиот град Буча оцени дека станува збор за бруталност, каква што не е видена во Европа со децении. „Тоа е ужасно и е апсолутно неприфатливо“, рече Столтенберг.

Прикажи повеќе