Двајца познати фудбалери ќе играат во САД, поточно во МЛС лигата. Средините ќе ги променат Џердан Шаќири и Даглас Коста кои во наредниот период ќе играат во американскиот фудбал кој станува се попопуларен во таа земја.

Чикаго Фајр го договорил трансферот на Џердан Шаќири кој изненадувачки го напушта Лион по само една полусезона во францускиот клуб. Чикаго за услугите на швајцарскиот репрезентативец ќе исплати седум милиони евра, а договорот треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.

Даглас Коста кој пак и досега играше надвор од Европа, во дресот на Гремио, сега ќе потпише двегодишен договор со тимот на Лос Анџелес Галакси.