Последните проверки спроведени од Центарот за јавно здравје покажуваат дека водата за пиење од градскиот водовод во Охрид е со параматри во граници на законски пропишаните вредности, односно дека истата може да се користи за употреба, но со одредени препораки.

„Од првичните физичко-хемиски анализи на земените примероци на вода за пиење констатирано е дека сите испитувани параметри се во границите на законски пропишаните, дозволени вредности, вклучително и за параметарот матност. Во водата е констатирано и дезинфекционо средство што значи дека водата е превентивно заштитена од микробиолошко загадување“, соопштуваат од Центарот за јавно здравје од Охрид, додавајќи дека резултатите од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на земените примероци на вода ќе бидат готови за два дена, односоно в петок.

Истовремено се препорачува во случаи доколку граѓаните забележат заматеност на водата за пиење од чешмите, да не ја користат истата за пиење, да остават водата да истече и доколку после неколку минути течење водата не се избистри, да не ја користат за пиење и да се обратат до ЈП „Водовод“ ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“.

Инаку, ситуацијата со привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод настана синоќа по поголем дефект на еден од главните цевководи, што што дојде до пукање цевка со профил 300 милиметри.

Екипи на „Водовод“ се на терен и се очекува дефектот наскоро да биде санира, а водоснабдувањето на деловите на градот што се од таа линија да бидат приклучени кон системот за водоснабдување.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.