Здравствените власти на Данска и Норвешка предвидуваат дека варијантата омикрон ќе го сочинува најголемиот дел од случаите на ковид-19 во двете земји оваа недела, надминувајќи ја варијантата делтата која беше доминантен вид низ целиот свет.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид, изјави дека омикрон ќе стане доминантна варијанта во Лондон во следните 48 часа, нагласувајќи колку брзо варијантата се шири откако првпат беше идентификувана во Јужна Африка кон крајот на минатиот месец.

„Ниту една варијанта на ковид-19 не се рашири толку брзо“, рече тој во парламентот. Премиерот Борис Џонсон изјави дека едно лице починало во Британија по заразување со варијантата омикрон, што е првата потврдена смрт на глобално ниво од вирусот кој брзо се шири.

Прикажи повеќе