Данска испраќа на Украина помош во вредност од 247 милиони долари, Украинската борба за слобода е и наша борба

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека официјален Копенхаген ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 247 милиони долари.

– Времето не е на страната на Украина. На бојното поле се брои само акцијата, потенцираше Фредериксен.

– Украинската борба за слобода е и наша борба, истакна премиерката на Данска.