Гувернерот на Хаваите Џош Грин рече дека идентификувањето на загинатите во шумските пожари во Мауи ќе биде многу тешко и најверојатно ќе трае со недели.

Тој повтори дека бројот на загинати се искачи на 106, а од семејствата на жртвите беше побарано да дадат примероци од ДНК, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Си-ен-ен.

„Генетски тим ќе помогне да се идентификуваат жртвите додека 185 спасувачи и 20 кучиња продолжуваат да бараат низ пепелта на домовите и другите структури изгорени во најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од еден век“, рече Грин.

Ова е слично на воена зона или она што го видовме за време на 11 септември (2001 година и терористичките напади на Њујорк и Вашингтон)“, додаде тој.

Според гувернерот, идентификацијата е комплицирана бидејќи останките се главно непрепознатливи и ретко се наоѓаат отпечатоци од прсти.

Прикажи повеќе