Екипите од Саудиска Арабија оваа година се активни и купуваат фудбалери од Европа, а веќе во летниот преоден рок договорија неколку звучни засилувања.

Еден од најактивните тимови е Ал Наср, каде што игра Кристијано Роналдо. Екипата ова лето сака да ангажира барем уште една ѕвезда, а изборот паднал на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Гризман, наводно, има откупна клаузула од 25 милиони евра во неговиот договор и Ал Наср сака да ја активира во следните денови.

Прикажи повеќе