Со обиколка на манастирот Прохор Пчински и заедничка литургија на Македонската и Српската православна црква, претседателот Стево Пендаровски беше пречекан од неговиот српски колега Александар Вучиќ, во рамки на одбележувањето на празникот Илинден. Вучиќ во обраќањето порача дека двете држави имаат исклучително добри односи кои очекува и во иднина да се развиваат. Tој потенцира дека меѓу Србија и Северна Македонија нема отворени прашања, потсетувајќи на одлуката за признавање на автокефалноста на МПЦ.

„Ние Србите ги сакаме Македонците и Северна Македонија, го сакаме и македонскиот јазик и не велиме дека не постои. Напротив го сакаме јазикот и го разбираме исто како што знаеме дека вие го сакате српскиот јазик. Немам проблем да кажам дека ние не сме само приајтели, туку како народи имаме братски односи и верувам дека и натаму ќе се развиваат“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе