Новиот македонски прволигаш Гостивар имаше одлична контрола во Болу играјќи 1-1 против турскиот клуб Газијантеп.

Гостивар поведе на овој меч во 54. минута со голот на Пепи Ѓорѓиев, а Газијантеп израмни во 80.минута преку Илкер Каракаш.

За Газијантеп настапи и младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски, кој всушност беше асистент за голот на турскиот тим.

Прикажи повеќе