Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хјун Мин се чини дека е еден од ретките фудбалери ова лето кој што ги одби милионите од Саудиска Арабија и изјави дека не сака да оди во тоа првенство, туку да остане во лондонскиот клуб.

„Имам иште многу работи да направам во Премиер лигата. Парите сега не ми значат ништо, важна е гордоста од играњето фудбал, да играм во мојата омилена лига. Сакам да играм повеќе за Тотенхем во Премиер лигата“, изјави Сон за „Скај“.

Ал Итихад е заинтересиран за јужнокорејскиот интернационалец, но Тотенхем не сака да го продаде на судискиот клуб.

Во последниот период францускиот фудбалер Н’голо Канте се пресели од Челзи во Ал Итихад, а пред него тоа го направи поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема. Во штотуку завршената сезона, Сон одигра 47 натпревари и постигна 14 гола за Тотенхем.

Прикажи повеќе