Епидемиологот и микробиолог од универзитетската болница во Бон, Маријо Парчина во разговор за Хрватската радио телевизија (ХРТ) ја коментираше ситуацијата со пандемијата и надоаѓањето на омикрон сојот од Јужна Африка.

Според него главен проблем е делта сојот и тоа што 80% од пациентите на интензивна нега се невакцинирани.

Луѓето во зимскиот период се подготвени за било какви болести. Времето ќе покаже што ќе донесе омикрон. Главен проблем сега е делта варијантата. Сите случаи на омикрон се импортирани од ЈАР. Не можете Европа да ја споредите со Јужна Африка. Таму се вакцинирани само 25% од граѓаните, во Европа се речиси секаде повеќе од 50%. Имате појава на нов сој на коронавирусот кој е позаразен, но таму е лето. ЈАР дневно брои 15.000 случаи на новозаразени. Вирусот како што се менува станува се повеќе респираторен и тоа во целата ситуавија не прави среќни. Но, секоја сериозна пандемија траела три години, па ајде да кажеме дека следната година ќе биде последна и ќе ја исконтролираме оваа болест – рече Парчина.

Во однос на задолжителното вакцинирање тој вели дека на почеток ќе се однесува тоа здравствениот сектор, а засега нема обврска тоа да се наметне кај децата.

Притисокот во педијатриските ординации е голем и најверојатно ќе се вакцинираат децата постари од пет години кои се здравствено загрозени – додаде тој.

Извор: Index.hr

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.