Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина со пари, помош и оружје и рече дека пацифистичкиот пристап кон војната е застарен. Тој наведувајќи дека го почитува пацифизмот, но оти на граѓанинот на Украина мора да му изгледа цинично кога ќе му се каже да се брани од агресијата на Путин без оружје.

Advertisements

Германскиот лидер, исто така, предупреди дека војната ќе има последици за резервите на храна и дека тоа може да доведе до светска криза со глад. Зголемените цени на храната и прекините во снабдувањето од Русија и Украина ги загрозија земјите од Блискиот Исток, Африка и делови од Азија.

Прикажи повеќе