Косово како поддршка од Германија доби пет воени камиони во вредност од околу три милиони евра. Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, рече дека оваа помош ќе влијае на подигнувањето на логистичките и оперативните капацитети на Косовските безбедносни сили. Косово ги зголеми своите напори за купување оружје и друга опрема оваа година. Претходно американскиот Стејт департментот потврди дека Косово побарало да купи ракети Џавелин во вредност од 75 милиони долари. Косовските безбедносни сили моментално имаат околу 2.500 членови, број кој се очекува да порасне на повеќе од 7.500.

„Донацијата ќе влијае на зголемување на логистичките и оперативните капацитети на БСК. На патот на растот и развојот на нашата армија извонредна улога одигра нашиот стратешки партнер Федерална Република Германија. За тоа сме многу благодарни. Овие 2,7 милиони евра што ги добивме денеска се во пресрет на донациите од 3,5 милиони евра што ги добивме минатата година од Федерална Република Германија“, рече Ејуп Маќедонци, Министер за одбрана на Косово.

Прикажи повеќе