Германската економија влезе во рецесија, покажаа најновите официјални податоци, oткако инфлацијата и каматните стапки ја намалија побарувачката во најголемата европска економија.

Сојузниот завод за статистика Дестатис покажа дека германскиот бруто домашен производ (БДП) е намален за 0,3 отсто во првите три месеци од оваа година, на што, пак, му претходеше пад на БДП за 0,5 отсто во последниот квартал од претходната година.

Ова се случува откако Германија се соочи со покачување на цените на енергијата по руската инвазија на Украина, што ги оптерети домаќинствата, но и бизнисите.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој претходно изрази уверување дека Германија направила доволно за да избегне пад на БДП, ги минимизираше стравувањата од продолжена рецесија.

„Шансите на германската економија се многу добри“, рече тој на прес-конференција.

Прикажи повеќе