Во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени и преостанатите најуспешните спортистки,спортисти и тренер на Град Скопје, за 2021 година. Таеквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, каде што освои сребро, Дејан Георгиевски, избран e за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска.

Традиционално и годинава Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за 2021 година, односно се избираат најуспешни десет спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни десет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со попреченост и категорија перспективен млад спортист – кадет.

На свеченоста се обрати градоначалничката на  Град Скопје, Данела Арсовска, која им додели и дел од признанијата за најдобрите спортисти за 2021 година. Таа порача дека скопските спортисти во иднина  ќе добиваат голема поддршка од Градот.

„Во оваа година којашто беше тешка за сите нас имавме можност да се израдуваме на спортските успеси. Спортот најдобро го промовира и Градот Скопје и Република Македонија и затоа треба континуирано да се поддржува. Тоа Градот и досега го правел, а ќе го прави поинтензивно и во иднина. Од името на Градот Скопје, од името на советниците и од мое лично име сакам да ви ги честитам успесите. Се надевам дека ќе не радувате уште многу години“, изјави Арсовска.

Покрај градоначалничката Арсовска, дел од наградите ги доделија и членовите на Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски, Петар Милетиќ, Василка Китановиќ и Мунира Куч.

Најуспешни десет спортисти во сениорска категорија (мажи и жени)

Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел
Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар
Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион
Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион
Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол
Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта
Дрита Исљами – Атлетски клуб Работнички
Филип Дерковски – Пливачки ватерполо клуб Орион
Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта

Најуспешни десет спортисти во младинска категорија (мажи и жени)

Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол
Столе Смилковски – Карате клуб Олимпик 2007
Марија Спировска – Боречки клуб Вардар
Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус
Миа Тодоровска – Кик Бокс клуб Шампион
Калин Ивановски – Тениски клуб Југ
Миа Блажевска Еминова – Пливачки и ватерполо клуб Орион
Антонија Белазелкоска – Карате клуб Работнички
Мила Младеновска – Карате клуб Работнички
Александра Симева – Тениски клуб ПОИНТЕР

Најуспешен тренер

д-р  Борче Костовски – Таеквондо клуб Бутел

Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје

Анте Гаџа – РК Вардар 1961

Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост

Андреј Стојановски – „Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода“.
Стоилко Стоицев – Планинарски клуб Македон

Категорија перспективен млад спортист – кадет

Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје