Мнозинството држави во светот на седницата на Генералното Собрание на ООН попладнево ја осудија руската инвазија врз Украина. За предлог-резолуцијата гласаа 141 држава од вкупно 193. Против беа само пет, односно Русија, Белорусија, Сирија, Еритреја и Северна Кореја. Воздржани беа 35, меѓу кои и Кина. Со резолуцијата се бара Москва веднаш да прекине со нападите и да ги повлече своите воени сили од Украина. Овој документ не е обврзувачки, но го изразува генералното мислење на нациите во светот во однос на определени случувања./Alsat.mk

Прикажи повеќе