Шпанскиот стратег доби „неубедлив тест за коронавирус“, по што вчера беше откажана неговата прес-конференција, но, сепак, ќе биде присутен на претстојниот натпревар против Њукасл.

Гвардиола направи ПЦР тест и испадна негативен, па може да го води својот тим на денешниот тренинг, како и тимот утре против Њукасл.

Се очекува само потврда дека натпреварот ќе се одигра, сите посакуваат да се избегне сценариото за одложување на мечевите во Премиер – лигата.