Темпераментниот италијанец ги започнал преговорите со клубот, кој сезоната во Грција ја заврши на третото место, зад Панатинаикос и шампионот АЕК.

Сезоната 2022/2023 е исклучително неуспешна за Олимпијакос, клуб кој во послесните 24 години, 20 пати бил шампион на Грција. Клубот од „Караискакис“ стадионот испадна и од Купот, за трофејот ќе се борат АЕК и ПАОК.

Јасно е дека во Олимпијакос ќе се случи реконструкција во летниот преоден рок. Челниците прво сакаат да ја решат тренерската позиција. Гатузо е најсериозен кандидат. Тој е без работа од октомври кога доби отказ во Валенсија.

Гатузо има искуство во грчкиот шампионат, една сезона бил тренер на ОФИ од Крит. Инаку во кариерата бил тренер и во Сион, Палермо, Пиза, Милан, Наполи и Валенсија. Единствениот трофеј го има освоено со Наполи, кога триумфираше во Купот на Италија.

Прикажи повеќе