Манчестер Jунајтед потврди дека младиот Алехандро Гарначо потпиша нов договор кој има трајност до јуни 2028 година.

Иако има само 18 години, Гарначо веќе има 31 настап за првиот тим на Манчестер јунајтед, клубот не се двоумеше многу да му понуди подобар договор.

„Манчестер Jунајтед со задоволство може да соопшти дека Алехандро Гарначо потпиша нов договор според кој ќе остане во клубот до 30 јуни 2028“, стои во соопштението на Јунајтед.

Гарначо вели дека е пресреќен што уште долго ќе биде во Манчестер јунајтед.

„Кога дојдов во овој неверојатен клуб, сонував да дебитирам, да играм на Олд Трафорд, да го постигнам мојот прв гол и да освојувам трофеи со овој беџ на моите гради. Се чувствувам многу горд и полн со емоции бидејќи овие моменти што ги набројав, веќе ги искусив заедно со моето семејство кое ми дава поддршка во секој чекор“ вели фудбалерот./Sport1/

Прикажи повеќе