Фармацевтската компанија „Галеника“ од почетокот на годинава во регионов има регистрирано 47 нови производи, а во промет се пуштени 29 производи, соопштија од компанијата.

Покрај Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, компанијата работи и на16 меѓународни пазари на три континенти. Според компанијата, на пазарот во државите од ЕУ го зголеми извозот за 40 отсто и каде лансираше 22 производи. Во споредба со првата половина од минатата година, за 7% зголемено е производството на асортиманот производи на Галеника.

Со стратешкото партнерство со сестринска компанија од Бразил – ЕМС, Галеника од почетокот на годинава успешно ја пренесе технологијата за 6 производи од поновата генерација генерички лекови и започна со подготовки за уште 5.

„Во 2023 година славиме 78 години и силно сме фокусирани на иднината. Го интегрираме она што е највредно од минатото и сегашноста, со целосна посветеност на инвестиции, иновации и одржливраст. Квалитетот ни е на прво место – како во производите, така во сè што правиме. Ние сме носители на 15 домашни и меѓународни ГМП и ИСО сертификати за највисоко ниво на стандарди за работење и за производство. Ние сме стратешки посветени на постојано проширување на нашето портфолио производи во корист на потрошувачите. Препознатливоста на брендот, доверливоста и довербата во производите на Галеника ја пренесуваме на нови меѓународни пазари“, изјави Рикардо Виан Маркес, генерален директор на Галеника.

Како резултат на претходни размислувања, внимателната анализа, планирање и ублажување на ризикот, компанијата обезбедува нејзините висококвалитетни фармацевтски производи редовно и во потребните количини да стигнат до аптеките и здравственитеустанови, за добробит на пациентите. Со оглед на тоа што Галеника е дел од бразилската НЦ Груп која работи на глобално ниво, преку соработка со колеги од Бразил, Индија и Кина, компанијата располага со напредни алатки, информации и можности кои овозможуваат подобар увид во глобалните настани и збиднувања, кои со експертизата на експертите на Галеника во Србија и регионот, придонесува за деловен раст.

Одржливиот бизнис и заштитата на животната средина се високо на агендата на Галеника, која во првата половина на 2023 година ја исполни својата интерна цел и ја намали количината на создавање отпад за 35%, како и потрошувачката на вода за 5% во однос на истиот период во 2022 година. Започнат е проект за целосно реновирање на постојниот внатрешен водоводен систем. Инвестицијата е вредна половина милион евра, со цел да се обезбеди максимална заштеда и минимална загуба на вода.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.