Тренерот на РК Вардар Веселин Вујовиќ по мечот кажа дека ситуацијата не е идеална затоа што неговиот тим останал без бодови, а истовремено му честита на бундеслигашот за триумфот.

„Честитки за мојот колега Јиха, видовме еден добар натпревар во убава атмосфера како што е секогаш кај Кил. За нас, ситуацијата е малку депресивна затоа што на секој меч сме блиску, но остануваме без поени. Ова е тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто во последните натпревари. Ова беше доста тежок дуел од почетокот, Кил е можеби најдобриот тим во Европа и во Германија. Се боревме, но ова е добар резултат за Кил. Мора да се фокусираме на следниот дуел со Загреб каде сакаме да победиме“, изјави Вујовиќ.