Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин увоз на три милијарди кубни метри гас годишно и десетгодишен договор. Тој рече дека договорот за увоз на гас од Русија истекува на крајот на годинава, но оти сега ќе бара зголемена испорака, итно затоа што резервата од магацинот во Банатски двор секојдневно се празни.

Advertisements

„Србија и Украина имаат најевтина струја за граѓаните во Европа, а гасот е меѓу најевтините, Србија плаќа 270 долари за 1.000 кубни метри, а денес скокна од 960 на 1.100 долари за 1.000 кубни метри. Инвеститорите ги привлекуваме со ниските цена на струја и гас“, рече Вучиќ гостувајќи во Телевизија Хепи. Тој додаде дка го замолил унгарскиот премиер Виктор Орбан да ѝ дозволи на Србија да складира гас, бидејќи Унгарија има огромни складишта.

Прикажи повеќе