Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон е заинтересиран за играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело. Менаџерот Хулен Лопетеги е во потрага по ново засилување во средниот ред откако клубот се раздели со Рубен Невеш. Затоа менторот се насочил кон Бразилецот, тврди „Мундо Депортиво“.

Артур минатата сезона ја мина на позајмица во Ливерпул, но таму речиси и не се појави на теренот, прогонуван од повреди. Очекувано, „црвените“ не ја искористија опцијата да ги откупат неговите права и играчот се врати во Јувентус.

„Старата дама“ итно бара начин како да се ослободи од 26-годишниот фудбалер, кој не е дел од плановите на Масимилијано Алегри.

Прикажи повеќе