Посетителите на кино салите останале шокирани кога еден од вработените открил дека тие можат да видат се’ што се случува во мракот.

Вработена во едно кино на ТикТок открила тајна која ја знаат само нејзините колеги.

Имено девојката покажала снимки од камерите во киното, на кои може да се забележи дека ништо не поминува незабележано, пренесува Метро.

Во коментари објаснила и дека вработените во компанијата во која таа работи имаат „очила за ноќно гледање“, па можат да видат се што се случува.

Нејзиното видео предизвика внимание кај љубителите на филмот, а многумина признале дека не биле свесни дека вработените можат се’ да видат, како на пример носење храна од надвор.

-Значи знаете дека го вадам цел фрижидер од торба, бил еден од коментарите.