Фудбалерите на Јувентус беа подобар ривал во однос на Интер (0-1), според оценките на најголем дел од тие што го следеа синоќешниот дерби-дуел во Торино, но и покрај тоа останаа без ниту еден бод, а со тоа и речиси без шанса да ја продолжат битката за скудетото.

Средбата беше решена по драматични сцени на крајот од првото полувреме, кога гостите добија пенал од ВАР, па го промашија, па од одбиената топка постигнаа гол кој им беше поништен, за на крајот дури и пеналот мораше да биде повторен поради прерано втрчување, по што гостите го постигнаа победничкиот погодок. „Бјанконерите“ по средбата беа бесни на судијата.

Адриан Рабио по средбата ги искористи социјалните мрежи и одново ги издвои судиите како клучни за поразот на Јувентус.

Извор: Sport1

Прикажи повеќе