Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Св. Гален. Истрагата е фокусирана на група вработени во приватен центар за тестирање на Ковид-19, бидејќи  имале пристап до националниот систем за сертификација за вакцинација.

Осомничените ќе треба да платат одредена сума или ќе се соочат со казна затвор до пет години, велат од кантоналната управа.

Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Св. Гален е еден од најслабите кантони во Швајцарија.

Низ Швајцарија, речиси 67 отсто од луѓето се вакцинирани.

Прикажи повеќе