Во многу региони на Украина се одвиваат борби, но со помал интензитет во споредба со последните два дена. На социјалните мрежи, но и на меѓународните медиуми се појавуваат страшни слики од борбените зони, особено на периферијата на Киев. Руските сили наводно претрпеле големи загуби. Сликите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат уништување на механизирана колона на руската армија.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека се убиени повеќе од 5.300 руски војници, а соборени се 29 авиони, 29 хеликоптери, 191 тенк, 816 други оклопни возила и ракетни системи.

Русија првпат призна загуби, но тврди дека загубите од украинска страна се многукратно поголеми.

Украинците му покажаа на светот кои сме ние, додека Русија покажа каква стана. „Секое злосторство, секое гранатирање од страна на окупаторот само повеќе нè обединува“, рече украинскиот претседател, повикувајќи ги руските војници да го предадат оружјето.

„Оставете ја вашата опрема! Бегајте одовде! Не им верувајте на вашите команданти! Не им верувајте на вашите пропагандисти! Спасете си го животот“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Бројни слики на заробени руски војници, вклучително и членови на елитни единици беа објавени во меѓународните медиуми.

Во меѓувреме, украинското население одговори на повикот на претседателот за општа мобилизација.

„Русија е меѓународен силувач и екстремист. Гангстери кои немаат чест и совест. Ако Путин не се грижи за своите граѓани, дотолку повеќе е причината зошто може да ги поштеди странците. Луѓето за него се само отпад, како неговите, така и странците“, вели еден украински резервист.

Жестоки борби избија и во други региони, вклучувајќи ги предградијата на Киев и вториот по големина град Харков. Украинското Министерство за вонредни ситуации објави видео на кое се гледаат уништени згради во Чернихив, украински град во близина на границата со Русија.

Исуф Кадриу