Во тек е едукација и обука на здравственот персонал вклучен во Програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи, изјави министерот за здравство Илир Демири.

Тој денеска присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација.

Демири упати благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а посебно до тимот на проектот за подобрување на националниот систем за трансплантација во земјава.

Трансплантациите во земјава се вршат во јавното здравство во универзитетските клиники. На Клиниката за урологија, во јануари, годинава ја одбележавме јубилејната 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство, а за првпат пред 4 години беше направена и трансплантација на срце, рече Демири.

Демири потенцираше дека органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината.

Органодарителството спасува животи и горд сум што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемува. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави Демири.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.