Едно бебе почина како последица на инфекција со корона вирусот на Детската клиника во Белград.

За жал, првото бебе кое го добивме на возраст од десет дена почина минатата недела, по речиси шест недели борба за живот – изјави за ТВ Прва докторката Снежана Рсовац, пренесеува Блиц.

Таа рече дека на клиниката биле сместени уште две бебиња и дека нивната моментална состојба е добра.

Едномесечно бебе е на интензивна нега – додаде таа, а другото бебе успеа да закрепне иако долго време беше на респиратор.

Сите други деца на таа клиника се добро, а намален е и бројот на примени заболени деца.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.